Дали ти треба помош?

Управување на уреди

Во делот за УПРАВУВАЊЕ НА УРЕДИ, можете да видите кои уреди се активирани во рамките на вашата претплата, да додадете нови уреди или да ги избришете уредите кои не ги користите повеќе. NetTV Plus апликацијата за мобилни уреди (iPhone, iPad, таблет, смартфон) се активира со најавување во истата со внесување на е-поштата и лозинката која ја користите за најава на порталот Moj NetTV . По најавувањето во апликацијата, во делот за УПРАВУВАЊЕ НА УРЕДИ, ќе се појави нов уред. Ова важи и за NetTV Plus плеерот за Windows 10, додека активацијата на плеерот за другите верзии на оперативниот систем на компјутер се врши со контактирање на нашиот контакт центар.

NetTV Plus боксот и апликациите за Smart TV се активираат преку OTP активација. OTP кодот на уредот го наоѓате во секцијата “Подесувања” на боксот или NetTV Plus апликацијата за Smart TV.

Уредите може да ги преименувате за полесно препознавање, како “ТВ во спалната соба” и сл.