Дали ти треба помош?

Далечински управувач

Чекори за проверка на исправност: Постојат повеќе фактори зошто далечинскиот управувач не функционира. Најчестите се физички оштетувања, проблеми со батериите, проблеми со спарување (EON паметна кутија) или проблеми со инфрацрвениот сензор на далечинскиот управувач и кутијата.

СМЕНИ БАТЕРИИ

Препорачуваме прво да ги смените батериите и да проверите дали + и – краевите на батериите одговараат на отпечатоците + и – на далечинскиот управувач. Кај далечинскиот управувач за EON паметната кутија, проверете ја индикацијата за празни батерии на екранот на телевизорот во менито Подесувања / Кориснички подесувања / Далечински управувач.

РЕСЕТИРАЈТЕ ЈА КУТИЈАТА

Исклучете ја кутијата од струја на неколку минути и потоа повторно ја вклучете. Обидете се да издадете било која наредба со далечинскиот управувач.

СПАРУВАЈТЕ ГО ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ (EON паметна кутија)

Во менито Подесувања / Кориснички подесувања / Далечински управувач, можете да ја проверите состојбата на спарувањето. Вашиот далечински управувач може да го спарите повторно на следниот начин: На раздалечина од 25 см од кутијата истовремено притиснете и задржете ги копчињата “Зголемете глас” и “Смени канал” околу 3 секунди, сѐ додека не засвети зелена лампичка.

ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПРЕПРЕКИТЕ МЕЃУ ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ И КУТИЈАТА

Ако има објекти меѓу сензорот на далечинскиот управувач и кутијата, инфрацрвените сигнали можат да бидат блокирани. Проверете дали нема објекти пред овие области.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ Е ВО TV ИЛИ STB РЕЖИМ (EON паметна кутија)

За да далечинскиот управувач реагира на наредбите, потребно е лампичката на врвот на далечинскиот управувач да свети во плава боја (LED STB). Ако на далечинскиот управувач свети само зелена лампичка, притиснете го копчето TV / STB во горниот лев агол. На тој начин далечинскиот управувач ќе се врати на функцијата на EON кутијата.

Ако ги искористите сите можностите за решавање на проблемот, а далечинскиот управувач и понатаму не функционира, контактирајте не или посетете го најблискиот продажен објект за да добиете дополнителни упатства.

Замена на далечинскиот управувач: Ако далечинскиот управувач не претрпел физички, механички или други оштетувања, корисниците имаат право на бесплатна замена на далечинскиот управувач во следниве случаи:

  • Без потпишан договор за корисници, со активна претплата во првите 6 месеци по активацијата на уредот.
  • Со потпишан и активен договор за корисници за времетраење на договорната обврска од 24 месеци.
  • Превземете го ценовникот.

Cenovnik Zamenskih Daljinskih Upravljača.